Фејсбук излезе на берзата
Акции на популарната интернет социјална мрежа „Фејсбук“ од синоќа првпат почнаа да котираат на берзата, иако јавната продажба на овие хартии од вредност се очекува да почне во следните неколку месеци.Вредноста на делот од акциите на „Фејсбук“ кои се најдоа на берзата е проценета на пет до 10 милијарди долари, додека вкупната вредноста на компанијата се проценува на 75 до 100 милијарди долари.
Американските медиуми наведуваат дека акциите кои од синоќа почнаа да котираат на берзата најверојатно во пакет ќе ги откупи банката „Морган Стенли“.Се очекува со продажба на дел од акциите „Фејсбук“ до прибере пари за проширување на деловните активности, за отплата на долгот и за реализирање на некои од останатите свои цели.
Информации дека „Фејсбук“ ќе излезе на берзата на 1 февруари се појавија уште пред неколку месеци, но компанијата досега не сакаше да ги коментира и да се изјаснува во врска со ова прашање. „Фејсбук“ во 2004 година го основа Марк Цукерберг заедно со уште неколкумина негови колеги од универзитетот „Харвард“ и тој набрзо стана еден од најпопуларните интернет сајтови во светот со во моментов околу 845 милиони корисници.
Мрежата во најголема мерка се финасира преку реклами.Бидејќи е приватна компанија „Фејсбук“ не е обврзан јавно да објавува податоци за своите приходи и профити, но во еден документ што банката „Голдман Сакс“ им го достави на своите клиенти се наведува дека во 2010 година социјалната мрежа имала приход од 1,2 милијарди долари и заработка од 355 милиони долари, додека во 2011 година приходот изнесувал 3,71 милијарди долари, а профитот 668 милиони.