Објавено 01 февруари 2012, 16:15, во Свет
Share |
Print page

Мит Ромни најверојатен противкандидат на Барак Обама

Поранешниот гувернер на Масачусетс, Мит Ромни откако убедливо го победи Њурт Гингрич на прелиминарните избори во Флорида, освојувајќи 46 % од гласовите, уште повеќе се приближи до номинацијата за кандидат на републиканците на претседателските избори во САД.

Еден од знаците дека Ромни се приближува кон освојувањето на републиканската номинација е и одлуката на безбедносните служби следните неколку дена да му доделат придружба на Тајната служба.

Сенаторот од Републиканската партија Марко Рубио, претходно изјави дека победникот на изборите во Флорида ќе биде претседателски кандидат на републиканците на ноемвриските избори.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија