Објавено 01 февруари 2012, 14:20, во Свет
Share |
Print page

Фејсбук денес поднесува барање за ИПО

Како што се очекуваште, Фејсбук утрово по американско време треба да поднесе документација до американските берзански регулатори за иницијална јавна понуда на акции (ИПО), вредна пет милиони долари и ја избра инвестициската банка Морган Стенли и четири други банки да менаџираат со истото, пренесува Ројтерс.

Компанија основана од Марк Закерберг во студентска соба на Харвард во 2004 година ја избра Морган Стенли да ја преземе многу посакуваната „водечка лева“ улога во ова ИПО, кое се очекува да биде најголемото кое некогаш ќе биде објавено од технолошка компанија во Силиконската Долина.

„Водечката лева“ улога се однесува на местото каде што ќе стои името на банките преку кои ќе се спроведува ова ИПО.Вредноста од пет милиони долари е почетна и може да се зголемува во наредните месеци во зависност од интересот на можните инвеститори.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија