Јапонската индустрија закрепнува
Индустриското производство во Јапонија во декември зајакна за 4 % во однос на ноември, а домашната потрошувачка е зголемена.
Последните податоци покажуваат дека сеуште слабото стопанство на Јапонија полека зајакнува по минатогодишниот катастрофален земјотрес и цунамито, како и поплавите на Тајланд, кои ги прекинаа ланците на достава, соопшти Министерството за економија, трговија и индустрија во Токио.