Објавено 01 февруари 2012, 08:55, во Свет
Share |
Print page

Рекордно производство на злато во Кина

Кина лани петта година по ред оствари рекордно производство на злато, станувајќи на тој начин најголем светски производител на овој благороден метал, соопшти кинеската асоцијација на производителите на злато.

Производството на злато во Кина во 2011 година го надмина рекордното производство на Јужноафриканската Република од 2007 година. Кина, исто така, е најголем светски потрошувач на овој благороден метал.Курсот на златото во 2010 година е зголемен за околу 30 %, а лани за 10 %.

Кина лани произведе 360,91 тон злато, што е за 5,89 отсто повеќе во однос на претходната година.Околу 60 % од златната руда се наоѓаат во пет од вкупно 32 кинески провинции и региони.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија