Газпром ја зголеми дистрибуцијата на гас кон Европа
Рускиот гигант „Газпром“ соопшти дека лани во Западна Европа дистрибуирал 112,03 милијарди кубни метри природен гас, што е за 13,5 % повеќе во однос на 2010 година.
На најголемите потрошувачи на тој регион, Германија и Турција, рускиот концерн им испорачал 34,02 милијарди кубни метри (раст од 0,1 %), односно 25,99 милијарди кубни метри (раст од 44,3 %). Испораките на рускиот гас во Италија пораснале за 30,9 % на 17,08 милијарди кубни метри.