Објавено 30 јануари 2012, 12:33, во Свет
Share |
Print page

Барак Обама се обидува да ги направи САД посоцијалистичка држава?!

Идеите што ги изнесе претседателот Барак Обама во своето последно обракање до нацијата се обид САД да се направат посоцијалистичка држава, пишува „Дејли Телеграф“.Весникот забележува дека станува збор за идеи што во Велика Британија порано ги промовираше Гордон Браун и кои се засниваат на тоа да се направи „фер" буџет и да се измислат безброј начини како централната влада да интервенира во сите форми на економските активности.

Поставување на уште повисоки даноци за богатите, за да се покрие буџетскиот дефицит и за да се обезбедат средства за владините државни интервенции, е „детска концепција за фер општетство“, тврди лондонскиот весник, потсетувајќи дека Обама наликува на европеец кој се обидува во САД да однесе „софистициран модел на социјализам“ со државна здравствена заштита и со фер, а тоа значи, високи даноци за богатите.

Весникот предупредува дека она што сега се случува во ЕУ и кризата во еврзоната се последица на инсистирањето на т.н. „социјален модел" на уредување на економијата и општеството во Европа, за кој се потрошени повеќе пари отколку што државите може да ги создадат. Таквиот модел, според „Дејли телеграф“, ја создаде ерозијата на ЕУ, со преголеми внатрешни задолжувања, што сега не може никако да се запре.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија