Објавено 29 јануари 2012, 12:27, во Свет
Share |
Print page

Интернет економијата во земјите од Г-20 ќе се зголеми двојно до 2016 година

Интернет економијата базирана на дигиталната технологија и телекомуникациските мрежи, до 2016-та година во Групата 20 економски најразвиени земји во светот ќе достигне раст на 4,2 билиони долари или 1,8 пати над нивото од 2,3 милијарди во 2010-та година, објави компанијата „Бостон Консалтинг Груп“ (БСГ). Експертите од БСГ сметаат дека специфичниот развој на Интернет во иднина ќе има голема улога во земјите во развој.

Интернет економијата во некои земји со забрзан развој ќе обезбеди осум проценти од бруто домашниот производ (БДП), додека во Г-20 ќе учествува со 4,1 % од БДП. Во истражувањето се наведува дека бројот на Интернет корисници секоја година се зголемува за 200 милиони, додека за четири години на глобалната информатичка мрежа ќе бидат поврзани три милијарди луѓе на земјата, наспроти 1,9 милијарди корисници регистрирани во 2010-та година.

Најголем број корисници ќе има Народна Република Кина, 800 милиони, додека на глобално ниво меѓу активните корисници на Интернет 70 проценти ќе бидат од земјите во развој. Експертите од БСГ го истакнуваат значењето на Интернетот во работењето, нагласувајќи дека вредноста на стоката што потрошувачите од земјите од Г-20 ја нарачуваат преку оваа мрежа достигнува 1,3 милијарди долари или 2,7 % од вкупниот БДП на овие земји.

БСГ предвидува мало намалување на популарноста на традиционалниот пристап до Интернет преку компјутери и комуникациски врски. Според аналитичарите, 80 % од корисниците за четири години наместо пероснални компјутери за поврзување со Интернет ќе користат мобилни телефони.

Друг значаен тренд ќе биде можноста на апсолутно секој електронски уред да се приклучи на Интернет, а не само телефоните или компјутерите. Најголемите Интернет компании во светот, според предвидувањата на БСГ ќе останат американските „Амазон“, „Епл“, „Фејсбук“ и „Гугл“, кинеските „Баиду“, „Тенцент“, како и руската „Јандекс“.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија