Рекорден профит на Хјундаи и Киа
Двете најголеми јужнокорејски автомобилски индустрии Хјундаи и Киа забележаа рекордни профити, благодарејќи на растот на продажбата на возила на домашниот, но и на клучните светски пазари.Според официјалните податоци што ги објавија двете компании, Хјундаи во третиот квартал од минатата година забележа раст на профитот од 38 %, а годишната заработка на Киа е зголемена за 30,4 %.
Нето профитот на Хјундаи во периодот октомври-ноември 2011 година е зголемен на два билиони вони (1,8 милијарди долари), од 1,45 билиони заблежани во истиот период 2010 година. Вкупниот профит на Киа пак во 2011 година изнесувал 3,5 билиони вони (3,1 милијарди долари). Меѓу моделите на Хјундаи најголема продажба забележа Елантра, чии испораки само на пазарот во САД се зголемени за 41 %.Киа пак најголема продажба регистрирала кај моделите Оптима и Рио.
Вкупните испораки на Киа во САД се зголемени за 36,3 %, во Кина за 29,9%, на европските пазари за 12,2%, а во останатите региони за 18,4 %.Аналитичарите проценуваат дека за успешното работење на двете компании придонела и релативно слабата вреднсот на јужнокорејската национална валута, со што производите на Хјундаи и Киа беа поевтини за купувачите во странство.
Но, ваквиот раст на профитот на двете автомобилски индустрии е помал од предвидувањата на аналитичарите, што резултиташе со пад на вредноста на акциите на Хјундаи и Киа на берзата во Сеул од 3,7, односно 2,9 %.