Кина најверојатно ќе има мал пад на економскиот раст
Кина најверојатно ќе забележи мал пад на економскиот раст до 8,5 % во 2012 години во однос на 9,2 % што ги имаше минатата година, изјави Ли Даиквеј, советник на Кинеската централна банка. Тој истакна дека се очекува и инфлацијата да се намали на околу три проценти од 4,5 % во 2011 година.
Ли предвидува и намалување на цената на недвижниот имот. Се очекува кинеската економија да биде засегната од проблемите во еврозоната. Треба да се изнајде многустрано решение за таквите проблеми и Кина треба да работи заедно со другите земји како Бразил и Индија, наведе Ли.Тој додаде дека е против идејата Кина да купи италијански или шпански државни обврзници.