Индексот на економските индикатори во САД се зголеми во декември
Индексот на идна економска активност во САД во декември се зголемил за 0,4 % што укажува дека најголемата економија во светот почнува да добива на сила во крајот на 2011 година, објави њујоршки Конференс борд.
Оваа приватна агенција за анализи објави вчера дека во ноември индексот се зголемил за 0,2 %, а во октомври за 0,6 %. Спроед Конференс борд, податоците за декември поддржуваат внимателен оптимизам во врска со тоа какви економски резултати би се очекувале во САД во првата половина од 2012 година.