Објавено 14 декември 2011, 14:16, во Свет
Share |
Print page

Хонг Kонг ги надмина САД и Велика Британија на листата на светските водечки финансиски центри

Хонг Kонг првпат ги надмина САД и Велика Британија и се најде на првото место на листата на водечки финансиски центри во светот, се наведува во годишниот извештај на Светскиот економски форум. Рејтингот се изработува врз основа на седум критериуми и опфаќа 60 земји и територии. Досега ниту еден азиски финансиски центар не се нашол на првото место на овој список, изјави министерот за финансии на администрацијата на Хонг Конг, Џон Цанг.

Хонг Конг значително ги подобри индикаторите и од четврто место се искачи на првата позиција. Како негови предности експертите ги посочуваат ниските даноци, големиот обем на ИПО трансакции, вклучувајќи примарни јавни понуди за подигање на капитал преку берза, близината до кинеската економија и статусот на оф-шор центар на јуанот.

Поранешната британска колонија, која сега е специјален административен регион на Кина, доби 5,16 од вкупно 7 поени. На второ место се САД со 5,15 поени, додека на трето место е Велика Британија со 5 поени. Во десетте најдобри финансиски центри влегуваат и Сингапур, Австралија, Канада, Холандија, Јапонија, Швајцарија и Норвешка.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија