Објавено 17 ноември 2011, 16:22, во Свет
Share |
Print page

Ричад Брансон ја купи британската банка Норден Рок

Британската Влада одлучи да ја продаде национализираната банка „Нордерн Рок“ на приватната компанија „Вирџин Мани“ во сопственост на американскиот инвеститор Ричард Брансон за 747 милиони фунти, соопшти министерот за финансии Џорџ Озборн.

Оваа банка, што главно работи со населението, во 2008 година беше национализирана од тогашната Влада на премиерот Гордон Браун, откако се најде на работ од банкротство, како последица на тогашниот кредитен удар, што се рашири по целиот свет и глобалната криза на финансискиот пазар.

Подоцна беше извршена внатрешно преуредување, на тој начин што банката беше поделана на „Норден Рок-плц“ и на „Норден Рок“ во кој останаа т.н. „лоши долгови“, што ја предизвикаа кризата од пред повеќе од три години. „Вирџин Мани“ денеска го купија „здравиот“ дел од банката.

Сопственикот на компанијата „Вирџин“ Ричард Брансон се обидуваше да ја купи банката „Нордерн Рок“ уште пред таа да биде национализирана, но тогаш не успеа да се спогоди со поранешната Влада на лабуристите.Министерот Џорџ Озборн одлуката за продажба на проблематичната банка на приватниот сектор, ја означи како „добра зделка“.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија