Банките имаат главна улога во креирањето на финансиската политика
Со анализа на меѓусебните односи меѓу 43.000 мултинационални корпорации во светот, забележано е дека мал број компании, главно банки, имаат главна улога во креирање на финансиската политика, покажа истражувањето кое го спроведе Федералниот институт за технологија во Цирих. Меѓу првите 20 на листата се банките „Баркли“, „Дојче Банк“ и „Голдман Сакс“, а блиските врски меѓу нив покажуваат ранливост на таквиот систем кој според проценките на некои научници, секој момент може да се сруши.