Објавено 01 јуни 2011, 10:43, во Свет
Share |
Print page

Меркел во Индија договара реформи на ОН

Меркел во Индија договара реформи на ОНГерманската канцеларка Ангела Меркел и индискиот премиер Манмохан Синг вчера разговараа за желбата на нивните две земји за реформи во Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН). Моментно и двете земји се непостојани земји- членки на Советот за безбедност на ОН со двегодишен мандат.

Меркел побара структурни реформи, бидејќи, како што рече, Советот за безбедност веќе не ја одразува позицијата на силите во светот, како што беше по Втората светска војна, на што Синг дополни дека Светот од 1945 година веќе не постои.

Германија и Индија заедно со Бразил и Јапонија ја формираат Г-4 групата која се залага за реформи во Советот за безбедност на ОН, што “ќе ја отсликуваат новата глобална структура“. Тие во повеќе наврати ја искажаа амбицијата да добијат постојано место во Советот за безбедност. Сега постојани членки на Советот за безбедност на ОН се Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија