Хрватскиот министер за финансии најави објавување на имињата на должниците
Хрватскиот министер за финансии Славко Линиќ најави во Загреб дека неговото Министерство ќе објави листа на сите даночни должници, чиј вкупен број изнесува 1.778.000, од кои 131 илјада се правни лица. Линиќ на седница на Саборот истакна дека уште на следната саборска седница ќе бидат предложени измени на општиот даночен закон, со кои ќе биде утврдено дека прописите за тајноста на податоците не се однесуваат на даночните должници.
Од 131 илјада правни лица, што е седум проценти од вкупниот број на должниците, би можеле да се наплатата 25,8 милијарди куни (3,41 милијарда евра). Од останатите должници, 261 илјада се физички лица во самостојни дејности, односно занаетчии, а околу 1,3 милион се други физички лица.Правните лица должат околу 40 %, занаетчиите и малите стопанственици 43 %, а остатокот другите граѓани.