Кинески Great Wall Motors отвори фабрика во Бугарија
Во Бугарија вчера беше отворена фабрика на кинеската автокомпанија Грејт вол моторс и тоа е прв кинески погон за изработка на автомобили во Европа. Планот на компанијата е извоз на тие автомобили на европскиот пазар.
Фабриката е отворена во близина на селото Баховица, на север во Бугарија. Нашите проценки се дека за три до пет години ќе имаме широк спектар на модели произведени овде и тие автомобили ќе бидат продавани во сите европски држави, изјави Фенг Џинг Ванг, претседателка и извршна директорка на Грејт вол моторс.
Во фабриката, изградена во соработка со бугарската Литекс мотори, ќе се вработат 150 луѓе и годишно ќе се произведуваат околу 4.000 автомобили. Плановите се производство во иднина на 50.000 автомобили и 2.000 вработени. Првите автомобили за извоз во Македонија, Албанија и Црна Гора се очекуваат до крајот на 2012 година, а оваа година се очекуваат и преговори за продажба во Србија.