Три четвртини од домаќинствата во Хрватска се соочуваат се недостиг на пари
Секое хрватско домаќинство во текот на минатата година во просек располагало со по околу 6.610 куни (890 евра) месечно, сума која според три четврини од нив била недоволна за нормален живот, покажува анкетата на агенцијата ГфК.
Според ова истражување, 72 % од домаќинствата во Хрватска сметаат дека нивните месечни приходи се пониски од неопходните за нормален живот, 8 % сметаат дека им се повиски, а 17 % дека имаат токму онолку колку што им е потребно. Анкетираните сметаат дека за задоволување на основните месечни потреби на едно семејство се потребни најмалку околку 1.200 евра.
Најголем дел од месечните приходи или 29 %, едно домаќинство издвојува за храна и пијалоци, а ако на ова се додадат и трошоците за струја, греење, вода и комуналии, произлегува дека само за задовлување на основните животни потреби едно домаќинство во Хрвтска троши 48 % од заработеното.
Во споредба со 2010 година, лани Хрватите потрошиле за пет проценти помалку средства за храна и пијалоци, за седум отсто помалку за превоз, а за 13 % помалку за облека и обувки.