Расте невработеноста во Хрватска
Стапката на невработеност во Хрватска минатиот месец изнесуваше 19,8 %, што претставува раст од 1,1 процентен поен во однос на претходниот месец, јавуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на информациите на Хрватската агенција за статистика.
Ова претставува најголема стапка на невработеност во Хрватска од април 2003 година, кога во заводот за вработување биле регистрирани 345,3 илјади лица, или 204 % од работоспособното население.Најниска стапка на невработеност во Хрватска е регистрирана во август 2008 година, кога биле евидентирани 219,3 илјади невработени, што е 12,3 %.