Објавено 21 февруари 2012, 14:02, во Регион
Share |
Print page

Грците бараат избори, формирање нова партија и останување во еврозоната по „секоја цена“

Седум партии би влегле во грчкиот Парламент, ако изборите би се одржале сега, покажува социолошкото истражување на ГПО, објавува грчкиот весник „Етнос“.Според резултатите, двете најголеми партии во земјата - Нова демократија и ПАСОК, тешко заедно би поминале 32 %, а левицата 30 %. На прво место во анкетата излегува конзервативната Нова демократија со 19,4 %. Со тие проценти, меѓутоа, таа не би можела да управува самостојно. По неа следува социјалистичката ПАСОК, со 13,1 %, Демократската левица со 12 %, Грчката комунистичка партија со 9,5 % и Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА) со 8,5 %.Демократската алијанса на Дора Бакојани собира 2,5 %, а Еколози - Зелени - 1,9 %.

Речиси две третини (62,2 %) од анкетираните сакаат парламентарни избори.На прашањето кој би бил најсоодветниот за премиер на прво место излегува лидерот на Нова демократија Андонис Самарас, по кој следува актуелниот министер за финансии Евангелос Венизелос. Трет останува сегашниот премиер Лукас Пападимос со 6,3 %.Речиси сите анкетирани изјавуваат дека рестриктивните мерки, вклучени во вториот спасувачки план за Грција, се многу тешки, пишува „Етнос“.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија