Објавено 21 февруари 2012, 08:55, во Регион
Share |
Print page

Грција избегна банкрот

По повеќе од 12 часа преговори министрите за финансии на државите од еврозоната постигнаа договор за заем за Грција за уште 130 милијарди евра и со тоа државата да се спаси од банкрот. По договорот, вредноста на еврото се зголеми за 0,7 % достигнувајќи 1.328 спрема доларот.

Дипломат од ЕУ изјави дека деталите за договорот се прецизираат. Се очекува тоа да биде намалување на грчкиот долг до 120,5 % БДП до 2020 година, што е речиси максимумот од ММФ и државите од еврозоната. Договорот исто така треба да даде зелено светло за намалување на долгот на приватните инвеститори кои се очекува да имаат загуби од грчките обврници.

Грција во пролетта во 2010 година го доби првиот пакет помош од ЕУ и ММФ од 110 милијарди евра. Владата во Атина минатата недела прифати нови мерки за штедење што претставуваа услов за вториот пакет помош од 130 милијарди евра.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија