Објавено 20 февруари 2012, 14:21, во Регион
Share |
Print page

ЕЦБ: Грција не претставува опасност за светската економија

Грција, која се бори да избегне банкрот, не претставува опаснсот за светската економија, изјави денес Јерг Асмусен, член на Извршниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ). За среќа Грција не е закана за светската економија, изјави Асмусен за весникот „Фајненшл тајмс Дојчланд“.

Тој е поранешен државен секретар во Сојузното министерство за финансии на Германија, а од почетокот на годината е одговорен за меѓународни прашања во Извршниот совет на ЕЦБ.Другите земји сепак очекуваат решение, истакна тој. Според него, до средбата на Г-20 кон крајот на неделата ќе има напредок по ова прашање.

Во Брисел денеска ќе се одржи средба на министрите за финансии на земјите од еврозоната, на која треба да се постигне договор за нова финансиска програма за помош на Атина и на тој начин да се избегне банкрот на Грција. Кон крајот на неделата земјите од Г-20 повторно ќе се сретнат во Мексико.

Дипломатите од Г-20 синоќа започнаа во североисточното мексиканско одморалиште Лос Кабос неофицијална средба со колегите од десет земји надвор од групата. Главни теми се климатските промени, обезбедување на храна и одржлив развој.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија