Агрокор не е стратешки партнер за Меркатор
Словенечкиот министер за економија Радован Жерјев изјави дека не е против продажба на Меркатор, но не на Агрокор кој досега даваше најдобри понуди, туку на некој голем европски трговски ланец, кој за словенечки Меркатор би бил отскочна даска за осовојување на подобра позиција во регионот.
„Меркатор е важна компанија, но не тврдам дека за државата е од стратешко значење. Свесен сум дека нема доволно домашен капитал да остане во словенечки раце“, изјави Жерјев. „Не сум против продажбата на Меркатор, но мора да најдеме добар стратешки партнер за таа цел“, нагласи тој.