Косовската царина лани остварила приходи од 827 милиони евра
Косовската царина лани планот го остварила за 99,68 отсто, односно инкасирала 827 милиони евра или 127 милиони евра повеќе во споредба со 2010 година. За оваа година царината планира приходи од 867 милиони евра, изјавил директорот на царината Наим Хуруглица.
Тој потврдил дека лани увозот на стока од Албанија во Косово забележал значителен раст. Според него од Албанија во Косово е увезена стока во вредност од 191 милион евра, при што половина од стоката е по потекло од Албанија, додека останатата половина од други земји. Од Косово во Албанија извезена е стока вредна 30 милиони евра.
Тоа, според него се должи на воведените реципрочни мерки кон Србија, но пред се изградбата на автопатот Драч-Кукс. Информациите говорат дека лани е забележан пад на увозот на стока од Србија, истакнал Хургулица, не наведувајќи бројки, туку само дека тоа е последица на воведените реципрочни мерки.