Албанија ќе гради подводен далновод кон Италија
Албанската Влада донесе одлука со која се дозволува изградба на подводниот далноводот Валона-Бриндизи, со цел во блиска иднина обновлива енергија да се извезува кон Италија.Според премиерот Сали Бериша, оваа активност се совпаѓа во целост со владината филозофија за целосна либерализација на енергетскиот пазар во Албанија.
Ова е еден изворедно значаен развој, зашто енергетската поврзаност со италијанскиот енергетски пазар не само што има посебно стратешко значење, туку е еден голем чекор во реализиацијата на проектот Албанија да ја претвориме во мала енергетска супер сила во регионот, изјави Бериша.
Тој се задржа и на процесот на приватизација на државните објкети, кој, како што рече нема да запре. Набрзо според него ќе почне тендерската процедура за започнување со изградба на три ХЕЦ на каскадата на реката Девол, инвестиција вредна над милијарда евра, потоа изградбата на пет помали ХЕЦ, како и ХЕЦ „Скавица“.