Објавено 16 февруари 2012, 14:06, во Регион
Share |
Print page

Приливот на странски инвестиции во Црна Гора помал за 24,8 %

Во Црна Гора во текот на 11 месеци во 2011 година забележан е нето прилив на странски директни инвестиции (СДИ) во износ од 361,5 милиони евра, што е за 24,8 % помалку од истиот период од 2010 година.

Според прелиминарните податоци на Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) учеството на нето прилив на СДИ во бруто домашниот производ (БДП) за 2011 година изнесувал 11 %, за околу четири процентни поени помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Вкупниот прилив на СДИ во периодот јануари-ноември 2011 година изнесувал 454,2 милиони евра, а ЦБЦГ соопшти дека забележано е намалување на приливот врз основа на сопственичкото и должничкото вложување.

Инвестициите во претпријатијата и во банките изнесувале 153,3 милиони евра, додека приливот врз основа на вложување во недвижни изнесувал 165,5 милиони евра.Вкпниот одлив на СДИ изнесувал 92,7 милиони евра, за 1,3 % повеќе од 2010 година.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија