Заменик американскиот државен секретар Бил Бернс во посета на Западен Балкан
Заменик американскиот државен секретар Бил Бернс од денеска до 20 февруари ќе престојува во посета на земјите од Западен Балкан, каде ќе ја повтори поддршката на САД за евроатлантските стремежи на државите во регионот, соопшти Стејт департментот.
Како што се наведува во соопштението, Бернс за време на петдневната турнеја ќе ги посети Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Косово, каде со високите претставници ќе разговара за билатералните односи и регионалните прашања.
Бернс ќе ги охрабри лидерите од регионот да воспостават уште поголема соработка меѓу државите и ќе ја истакне потребата уште поголемо внимание да се обрне на најзначајните проблеми како што е владеење на правото и економскиот напредок.