Јункер: Одлуката за Грција може да биде донесена во понеделник
Министрите за финансии на еврозоната ќе бидат подготвени да ги фонесат сите неопходни одлуки за Грција во понеделник, откако Атина ги исполни условите за добивање помош, изјави синоќа претседателот на Еврогрупата Жан-Клод Јункер.
Во соопштението издадено по телефонската конференција на 17 министри за финансии на еврозоната, Јункер рече дека „е направен значаен напредок“ од вчера, кога партнерите од еврозоната чекале Атина да ги исполни условите.
Прво, добивме силни уверувања од лидерите на двете коалициски партии во грчката Влада, рече Јункер, и додаде дека како „второ, тројката (ЕУ, ММф и Европската централна банка) ја завршила и претставила анализата за одржливоста на грчкиот јавен долг“.