Грчкиот претседател се откажа од месечната плата, која годишно изнесува 283.694 евра
Грчкиот претседател Каролос Папуљас се откажува од месечната плата како сиболичен гест за жртвите кои грчкиот народ е принуден да ги прави поради кризата, јавија грчките медиуми. Според Интернет страницат „Ин њуз“, годишната плата на грчкиот претседател изнесува 283.694 евра.
Папуљас за својата одлука го информирал министерот за финансии Евангелос Венизелоз на денешната средба. Тој побарал да бидат преземени неопходните активности да не му се исплаќа месечната плата. Станува збор за еден симболичен гест, кој му прави чест, изјави министерот за финансии, додавајќи дека за ваквата одлука ќе ги информира премиерот Лукас Пападимос и Владата.