Објавено 15 февруари 2012, 14:17, во Регион
Share |
Print page

ЕК ја стави под лупа кипарската економија

Европската комисија ќе ја проучи состојбата на кипарската економија, а планира акцентот да го стави на високите долгови на фирмите и домаќинствата, како и врз загубите на земјата во однос на извозот, соопштува кипарскиот грчки весник „Филелефтерос“.

Комесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен изјави дека кипарската економија ќе биде подложена на такво истражување и дека ако бидат утврдени отстапувања, Комисијата ќе направи препораки за донесување корективни мерки. ЕК, во своето соопштение, ги посочува ризиците кои постојат за кипарската економија од експозицијата на кипарските банки кон долгот на Грција.

ЕК се зазема за Кипар, откако владата во Никозија донесе пакет мерки за стимулирање на економијата на оваа островска држава. Новиот пакет вклучува мерки за отворање работни места, за подобрување на условите за привлекување странски инвестиции, за помагање на малиот бизнис и туризмот и за усовршување на даночниот систем во однос на недвижностите.

Создавањето онлајн казина, меѓутоа, не влегува во овој пакет, и покрај настојувањето на градоначалниците на повеќе градови и политички лидери на островот. Нивните барања се мотивирани од долгата финансиска криза и периодичното намалување на кредитниот рејтинг на земјата и на водечките банки на островот.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија