Црна Гора и Албанија - единствени држави во Европа каде нема Мекдоналдс
Најпопуларниот синџир за брза храна Мекдоналдс ја прекина фазата за ширење во Европа по отворањето ресторан во Босна. Со тоа, Црна Гора и Албанија останаа единствените држави на континентот во кои Мекдоналдс нема свои објекти, објави Вијести.
Во европскиот центар на Мекдоналдс немаат намера да отвораат ресторани во тие две држави бидејќи анализите им покажуваат оти нема да имаат профит. Дури и лобирањето на американската Амбасада во Подгорица не успеала за промена на таа одлука, наведува весникот.
Во Црна Гора во 2004 година кусо време биле отворени штандови на Мекдоналдс, и тоа во Будва и Подгорица, но подоцна биле затворени.Првиот ресторан на Мекдоналдс во поранешна Југославија е отворен во 1989 година во Белград. Мекдоналдс има над 31.000 ресторани во повеќе до 120 држави во светот и секој ден во нив се опслужуваат речиси 60 милиони луѓе.