Жупе: Евентуалното излегување на Грција од еврозоната би предизвикало хаос
Евентуалното излегување на Грција од еврозоната би предизвикало економски и кредитен хаос, изјави францускиот министер за надворешни работи Ален Жупе, дополнувајќи дека она што сега се бара од Грција е многу болно и многу тешко.
Жупе изрази разбирање за реакциите во Грција, но смета дека новите економски мерки кои беа изгласани од грчкиот парламент треба да се реализираат за да се стабилизираат берзите и економската криза да биде совладана.