Промени во грчката Влада оваа недела
Промени во грчката Влада најверојатно ќе има, но нема да се големи, наведуваат извори од коалицискиот Кабинет на премиерот Лукас Пападимос, објавуваат грчки медиуми. Според нив, не е реално да се очекува целосен „ремонт“ на Владата.
Во медиумите се коментираат неколку варијанти - да се формира кабинет од технократи по моделот на италијанската Влада; да се создаде мал тим и конкретни политички членови да останат, а технократи да преземат важни сектори во Валдата; зачувување на позициите на двете поголеми партии ПАСОК и Нова демократија.
Според медиумите, промените ќе зависат од датумот на кој ќе се одржат парламентарните избори.
Ако лидерот на Нова демократија, Андонис Самарас продолжува со барањето за итно спроведување избори, Пападимос ќе постави заменици на функциите, што ги имаат министри и заменици министри, кои не се согласни со мерките од договорот за нов заем за Грција. Вкупно шест се „слободните позиции“ во грчкиот кабинет, наведуваат медиумите.