Објавено 07 февруари 2012, 16:05, во Регион
Share |
Print page

Новиот премиер во Романија почна консултации, остануваат повеќето министри од старата влада

Новиот премиер на Романија, Михај Разван Унгуреану почна денеска консултации за состав на новата влада во која како се очекува, ќе останат повеќето министри од досегашниот кабинет на Емил Бок кој вчера поднесе оставка.

Премиерот Унгуреану (43) поранешен шеф на разузнавачката служба треба за десет дена да предложи влада. Мојот приоритет ќе биде економска и политичка стабилност на државата. Владата ќе продолжи со реформите, наведе Унгуреану кој е лојален на претседателот Трајан Басеску. Според аналитичари важи за проамерикански политичар во Романија.

Тој синоќа доби мандат да формира влада откако премиерот Бок поднесе оставка за да ги смири демонстрантите од незадоволство заради мерките за штедење кои бараа оставка од Владата и претседателот.

Опозициските партии продолжуваат со бојкотот на работата на парламентот и повторно повикуваат Басеску да поднесе оставка и да распише вонредни избори. Парламентарните избори во Романија редовно треба да се одржат во ноември оваа година.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија