Објавено 06 февруари 2012, 16:11, во Регион
Share |
Print page

Мнозинство Словенци незадоволни од изборот на Јанша за премиер

Мнозинство Словенци се незадоволни од изборот на лидерот на Словенечката демократска партија Јанез Јанша за премиер, се вели во резултати од анкета на Дело. Спроед анкетата, 52,8 % се незадоволни од изборот на Јанша за претседател на Владата.

Најмногу незадоволни има меѓу младите и лица постари од 66 години. Најмногу незадоволни, кога станува збор за политички партии, има меѓу приврзаниците на Позитивна Словенија на Зоран Јанковиќ, (97 % анкетирани) и Социјалдемократите на Борис Пахор (86 %). Меѓу оние кои се нзадоволни со тој избор се и гласачи на Граѓанската листа (71 %) која е во новата коалициска влада на Јанша.

На парламентарните избори одржани на 4 декември најмногу места во парламентот освоија од Позитивна Словенија - 28 од вкупно 90, но Јанковиќ не успеа да обезбеди доволна поддршка за премиер. Словенечката демократска партија на Јанша беше втора со 26 пратенички мандати, и благодарение на соработката со четири партии од десниот центар, доби поддршка од 52 пратеника.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија