Објавено 06 февруари 2012, 12:21, во Регион
Share |
Print page

Албанскиот трговски дефицит 2,48 милјарди евра

Албанскиот надворешен трговски волумен, лани, споредено со претходната година, пораснал за 19 % и достигнал 5,32 милијарди евра, потврдуваат од Институтот за статиситика. Извозот пораснал за 23 % и достигнал вредност од 1,42 милјарди евра, додека увозот пораснал за 18 % и достигнал 3,9 милијради евра. Трговскиот дефицит забележал раст од 18 % и достигнал 2,48 милијарди евра.

Државата лани најмногу извезувала руда, пред се хром, потоа нафта, градежни материјали, облека и обувки, кои зафаќаат 84 % од вкупниот извоз. Облеката и обувките се единствена група од надворешната трговија каде Албанија има позитивен резултат.

Лани ваква стока била увезена во вредност од 363 милиони евра додека извезена во вредност од 460 милиони евра. Од 2000 година, извозот просечно растел за 15 % годишно, додека увозот за 11 %. Трговскиот дефицит почнал да се зголемува во текот на овие години, но нивото на покриеност на увозот со извозот е значително подобрено, од 23 % во 2000 на 36 % минатата година.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија