Објавено 06 февруари 2012, 09:25, во Регион
Share |
Print page

Грчките владејачки партии до пладне треба да се изјаснат по предлозите на „тројката“

Лидерите на трите партии-членки на грчката владина коалиција до денеска на пладне по локлано време (11 часот по средно европско време) треба да се произнесат по планот на „тројката“ меѓунардони кредитори за нов пакет помош за Грција.

Ваквиот краен рок е поставен на средбата на тројцата лидери со претставниците на ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот мо0нетарен фонд посветена на предложените мерки, што беше прекината синоќа.Како што соопшти портпаролот на најголемата партија во владината коалиција, Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), Панос Беглитис за попладнево е предвидено лидерите на трите партии да одржат средба со грчкиот премиер Лукас Пападимос на која ќе разговараат за предложеените мерки.

По синоќешната срдеба со претставниците на „тројката“, лидерот на Народниот православен собир (ЛАОС), Јоргос Караѕаферис изјави дека се уште не постигнат договор и дека преговорите ќе продолжат денеска. - Нема да дозволиме да дојде до револуција поради сиромаштијата, нагласи Караѕаферис.

Висок официјален грчки претставник претходно изјави дека преговорите достигнале „доволно ниво на разбирање“, но дека се уште има несогласувања околу пазарот на труд.„Тројката“ меѓунардони кредитори вршат притисок врз Атина за воведување построги мерки за штедење и намалување на платите, пред да биде склучен договор за исплата нив кредит во износ од 130 милијарди евра.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија