Објавено 03 февруари 2012, 16:00, во Регион
Share |
Print page

Црна Гора се вклучува во проектот „Јужен поток“

Црногорски официјални претставници и претставници на „Газпром“ донесоа одлука за изработка на студија за техничко-економска остварливост на изградба на огранок на гасовод низ Црна Гора, во рамки на проектот „Јужен поток“, соопшти денеска рускиот енергетски холдинг.

Техничките можности и перспективите за приклучување на оваа земја во проектот „Јужен поток“ ги разгледаа директорот на секторот за проекти на рускиот „Газпром“ Леонид Чугунов, премиерот на Црна Гора Игор Лукшиќ, министерот за надворешни работи и европски интеграции Милан Роќен и министерот за економија Владимир Кавариќ.

Проектот „Јужен поток“, со предвидената изградба на гасовод под Црното Море за земјите од јужна и централна Европа, „Газпром“ го реализира заедно со италијанската енергетска компанија „Ени“ со цел да се зголеми изборот на маршрутите за пренос на руски природен гас.

Русија за реализација на копнените делници на гасоводот потпиша меѓудржавни спогодби со Бугарија, Србија Унгарија, Грција, Словенија, Хрватска и Австрија.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија