„Кралот“ на челикот заинтересиран за никшиќката Железарница
Украинскиот „крал“ на челикот Ринат Ахметов е заинтересиран за купување на никшиќката Железарница, за која е распишан тендер, а почетната продажна цена изнесува 30 милиони евра.Подгоричките медиуми објавија дека постојат уште неколку сериозни купувачи, а огласот за продажба на Железарницата е отворен до утре.
Претходно е соопштено дека компанијата „Металфер Стил Мил“ од Сремска Митровица е заитересирана за купување на Железарницата во Никшиќ.Од железарницата, која веќе осум месеци се наоѓа во стечај, претходно е соопштено дека целта на четвртата приватизација е фабриката да добие стратешки партнер.
Последниот сопственик е холандската компанија „Монтенегро спешлити стилс“, која ја напушти фабриката минатата пролет.Некогашниот никшиќки гигант, во кој работеа повеќе илјади луѓе, четвртата приватизација ќе ја дочека со само 320 вработени.