Објавено 03 февруари 2012, 11:55, во Регион
Share |
Print page

ЕУ ќе обезбеди 82 милиони евра помош за Албанија

Европската унија објави дека ќе обезбеди 82 милиони евра помош за Албанија во следните две години за спроведување на инфраструктурни проекти и реформи. Во денешното соопштение на претставниците на ЕУ во Тирана се наведува дека средствата се наменети за финансирање патни проекти, станици за прочистување, како и дека ќе бидат насочени за засилување на конкурентноста на земјоделството, социјално вклучување на ромското население во земјата, за правосудството и образованието.

Албанија поднесе барање за членство во ЕУ во 2009-та година, но од неа беше побарано најпрво да спроведе реформи за подобрување на изборниот процес и јавната администрација, борбата против корупцијата и организираниот криминал. Од 1991 година досега Албанија од ЕУ има добиено 1,83 милијарди долари.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија