Вториот пакет од помошта за Грција ќе биде одобрен на средбата на министрите за финансии од еврозоната
Вториот пакет од помошта за Грција ќе биде одобрен од министрите за финансии од Еврогрупата на состанокот в понеделник во Брисел, изјавија претставници на Европската комисија.Се очекува на средбата да биде објавено и дека е постигнат компромис за отпишување на дел од грчкиот долг кон приватните кредитори и за пронаоѓање формула за размена на грчки државни обврзници со подолг рок на доспевање и пониски камати.
Грција има потреба од новиот спасувачки пакет од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд со вкупна вредност од 130 милијарди евра, за да го избегне евентуалното запаѓње во состојба на неликвидост.Шефовите на држави и на влади на земјите од ЕУ одлучија во октомври минатата година да бидат отпишани половина од задолженијата на земјата кон приватните кредитори во вредност од сто милијарди евра.