Србија заинтересирана да учествува во руско-бугарскиот проект „Белене“
Српскиот министер за инфраструктура и енергетика Милутин Маркоњиќ изјави денеска во Белград, дека Србија има голем интерес да учествува во руско-бугарскиот проект за изградба на нуклеарната централа „Белене“.
Темата и други аспекти на руско-српската соработка во областа на нуклеарната енергетика беа разгледани денеска во Белград на средба со делегација на руската компанија „Росатом“ на чело со заменик-директорот Кирил Комаров.
Маркоњиќ истакна дека и покрај мораториумот кој истекува до 2015 година за изградба на нуклеарни објекти во Србија, земјата располага со доволен број висококвалификувани експерти во таа област, чие искуство може да биде полезно при изградба на нуклеарната централа „Белене“.