Подравка со раст на добивката од 44%
Нето добивката на хрватската групација Подравка за 2011 година изнесува 121 милион куни (15,9 милиони евра), што претставува раст од 44% во однос на минатата година, соопштуваат од компанијата. Вкупната продажба забележа раст од 3%, додека оперативната добивка на компанијата порасна за 23%.
Од компанијата велат дека позитивните финансиски резултати се благодарение на растот на продажбата на странските пазари, најмногу во соседството, како во Србија, Босна и Херцеговина и Словенија.И покрај рецесијата, Подравка успеа да го модернизира производството и да ги прошири постоечките капацитети преку инвестиција од 13 милиони евра.