Објавено 01 февруари 2012, 14:02, во Регион
Share |
Print page

Нема нов кредит за Грција без дополнителни економски мерки

Грчката Влада треба да спроведе дополнителни економски мерки во износ од 4,5 милијарди евра за да склучи нова спогодба за кредит со Европската унија (ЕУ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), соопшти грчкото Министерство за финании.

Министерството нагласи дека во текот на преговорите кои во моментов се водат со тројката меѓународните кредитори, ЕУ, Европската централна банка (ЕЦБ) и ММФ се разгледуваат и нови економски мерки со кои треба да се компензира реализирањето на финансиските цели, содржани во државниот буџет за минатата година.

Мерките ќе бидат вклучени во меморандумот, кој треба да биде претставен пред министрите за финансии од еврозоната на состанокот во рамки на Еврогрупата, следниот понеделеник.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија