Објавено 01 февруари 2012, 08:40, во Регион
Share |
Print page

Хрватската економија соочена со нова рецесија

Хрватската економија е соочена со нова рецесија оваа година, главно заради кризата во ЕУ, а економскиот пад може да биде еден отсто од БДП, се вели во анализа на Хрватската асоцијација на банките. Шест економисти од најголемите хрватски банки прогнозираат економски пад од 1,3 % БДП, додека најголемите оптимисти очекуваат до еден отсто, а песимистите- околу два отсто пад.

Според дел од анкетираните економисти, главните причини за пад во хрватската економија ќе биде должничката криза во ЕУ, а останатите посочуваат дека тоа се државните буџетски мерки. Според економисти од банките, оваа година може да се очекува буџетски дефицит од 4,9 % БДП.

Неопволниот економски раст според анкетираните, ќе биде резултат главно од намалување на инвестициите, а новата рецесија ќе предизвика поголема невработеност. Анкетираните прогнозираат намалување на инвестициите за 2,7 %, невработеност меѓу 13,1 % и 16,4 % и зголемување на цените за 2,5 %. Очекувањата се и стабилен курс на куната спрема еврото.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија