Објавено 31 јануари 2012, 13:58, во Регион
Share |
Print page

Раст на трговскиот дефицит во Турција од 47,7 %

Трговскиот дефицит на Турција во текот на 2011 година пораснал на годишно ниво за 47,7 % и достигна 105,8 милијарди долари, покажуваат податоците на турскиот статистички институт.Во текот на минатата година турскиот извоз пораснал за 18,5 % и достигнал 134,9 милијарди долари, додека во исто време, увозот се зголемил за 29,8 % на 240,8 милијарди долари.

Во првите три квартали од минатата година турската економија забележа раст од 9,6 %, што е најголем во светски рамки и е значително повисок од прогнозите на Владата во Анкара и експертите, кои очекуваа зголемување на БДП од 8%.

Наспроти напорите на Централната банка на Турција, во текот на минатата година вредноста на турската лира се намали за 20 % во однос на американскиот долар, што резултираше со раст на инфлацијата чија стапка во декември достигна 10,45%. Тоа е нејзино највисоко ниво во последните три години и двојно поголема стапка од предвидувањето на Владата.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија