Објавено 31 јануари 2012, 11:57, во Регион
Share |
Print page

Запрена трговијата со акции на „Алфа банка“ и „Еуробанка“

Берзата во Атина наложи времена суспензија на тргувањето со акции на „Алфа банка“ и „Еуробанка“ поради неизвесност околу завршувањето на планираното спојување на двете банки. Атинската берза и регулатор на грчкиот пазарен капитал (ХЦМЦ), ја запреа трговијата на акции поради најавите и извештаи поради кои не можеа да гарантираат заштита на инвеститорите, како ниту безбедно функционирање на берзата.

Спојувањето на банките, што првично требаше да биде завршено во декември, требаше да доведе до формирање на најголемата грчка банка, со значајна помош на катарскиот инвестициски фонд „Парамаунт сервисиз холдинг“.

Меѓутоа, „Алфа банка“ денеска соопшти дека не може да ги обврзе инвеститорите за тоа кога договорот за спојување ќе биде потврден, поради тоа што преговорите на Атина и приватните кредитори за отпис на делот на грчкиот долг уште траат, а планираната замена на обврзници исто така влијае на финансиската состојба на грчките банки.„Еуробанка“ од друга страна, соопшти дека работи на тоа спојувањето да биде што побрзо остварено. Кога е запрена трговијата со акции, акциите на „Алфа банка“ забележаа раст од 9,4 %, додека вредноста на акциите на

„Еуробанка“ беше намалена за 0,25 %.Спојувањето на двете банки е најавено за во август, а одборите на банките го одобрија во ноември. Спојувањето има за цел да ја врати довербата во грчкиот опустошен банкарски систем во време кога расте загриженоста околу неговата изложеност на огромниот државен долг.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија