Пападимос не ја исклучува можноста од дополнителна помош за Грција
Грчкиот премиер Лукас Пападимос не ја исклучи можноста неговата земја да има потреба од дополнителна помош и по вториот пакет во висина од 130 милијарди евра и отпишувањето на дел од нејзиниот долг. Сега е премногу рано да се каже дали ќе имаме потреба од дополнително финансирање.
Наша цел е да ја спречиме таа верзија, изјави изутринава Пападимос по самитот на Европската унија во Брисел.Грчкиот премиер истакна дека се уште има нерешени прашања во преговорите со приватните кредитори на земјата, но не даде никакви детали за тоа прашање. Меѓународните инспектори продолжуваат со барањата за дополнителни буџетски намалувања и економски реформи, нагласи тој.