Шулц: Србија заслужува статус на кандидат за ЕУ
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц смета дека Србија заслужува официјален статус на кандидат, а играјќи поконструктивна улога во регионот би можела да ги убеди земјите членки на ЕУ да и понудат статус.
Сосема сум сигурен дека мнозинството во Европскиот парламент ќе поддржат почеток на преговори за членство на Србија што е можно побрзо, изјави новоизбраниот претседател на Европарламентот во интервју за српскиот весник „Политика“.
Потсетувајќи дека ЕП веќе наведе дека Србија заслужува да добие статус кандидат за членство, благодарејќи на добриот напредок кој го прави на патот кон ЕУ, Шулц рече дека одлуката на Европскиот совет мора да биде едногласна, но и дека се уште е нејасно дали сите лидери на ЕУ самитот во март ќе го поддржат ставот на ЕП.
Тој изрази надеж дека тоа ќе се случи, истакнувајќи дека Србија под раковоство на претседателот Борис Тадиќ имала значајни успеси, што ЕУ го цени.