Објавено 30 јануари 2012, 10:15, во Регион
Share |
Print page

Реслер: Контролата над грчкиот буџет мора да ја преземе ЕУ

Грција мора да ја предаде контролата над својата буџетска политика со странски инвестиции доколку не успее да ги примени реформите со кои е условена помошта на земјите од еврозоната, изјави германскиот министер за економија Филип Реслер во интервјуто за денешниот број на неделникот „Билд“.

Доколку Грците самите не се во можност да постигнат успех во тоа, мора да има силно лидерство и надзор од странство, на пример преку Европската унија, вели Реслер, кој е и вицеканцелар на Германија.Лондонски „Фајненшл тајмс“ во саботата објави дека Германија бара од Грција контролата над својата буџетска политика да ја предаде на институциите на ЕУ пред Атина да го добие вториот пакет помош за спасување.

Повикувајќи се на копија на тој предлог, кој Германија во петокот го достави до функционерите од еврозоната, Фајненшл тајмс пишува дека еден од комесарите на ЕУ би можел да става вето на одлуките на грчката влада за буџетот.Извори од грчката Влада вчера најавија дека нема да ја отстапат контролата над буџетот.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен 531
Магазин 655



РЕКЛАМИ

Капитал изданија